ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ до крај на годината планираат да ги задолжат граѓаните за дополнителни 150 милиони евра

Од:

„СДС со ништо не може да го прикрие своето расипничко трошење, неспособност и безидејност во водење на државата.

СДС да прекине да се однесува како опозиција и да се зафати со решавање на реалните проблеми на граѓаните.

Aнтиреформската влада на СДС на чело со Зоран Заев и Драган Тевдовски безмилосно продолжуваат да ги задолжуваат граѓаните на Република Македонија.

Лицемерието на СДС, полека почна да излегува на виделина. Едно говорат во опозиција, а друго да прават додека се на власт.

СДС ги лажеше граѓаните на Република Македонија. Ветуваа дека нема да се задолжуваат, а сега без срам до крајот на годината планираат да ги задолжат граѓаните на Македонија за дополнителни 150 милиони евра.

Граѓаните на Република Македонија сакаат да знаат зошто државата се задолжува и каде се сите оние проекти што СДС ги ветуваше додека беше во опозиција. Луксузите, октоподите, морските плодови, цвеќињата, партиските вработувања и вдомувањата на соросовите платеници не смее да биде на трошок на граѓаните.

Граѓаните од СДС очекуваат 16 илјади денари минмална плата, 30 илјади денари просечна плата, 100 илјади денари плата на лекарите, 600 километри нова автопатска мрежа, 500 километри магистрални патишта и 15% поврат на ДДВ со што секој граѓанин на крајот на годината ќе има 30 илјади денари плус“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: По осми мај започнува трансформација на Македонија со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Митева: Битиќи ја злоупотребил својата позиција како вицепремиер бара од компаниите да гласаат за него наведувајќи го бројот на гласачкото ливче

ВМРО-ДПМНЕ: Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт

Горан Наумовски

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Стојаноска: Со платформата 1198 како идна влада ќе имаме широк дијалог со синдикатите и жестока борба со корупцијата

А1он