Грција се подготвува неделава да излезе на пазарите

Од:

Прото тема – Атина

„Колку побрзо, толку подобро“, гласи во моментов девизата на владата во Атина.

Во услови на зголемена доверба, владејачката коалиција неделава се подготвува за пробно излегување на меѓународните пазари и планира тоа да стане „благословот“ на Европската комисија и Меѓународниот моментарен фонд (ММФ).

Тоа би можело да се очекува да се случи до четврток (20 јули), за кога е планирано заседанието на ММФ. На него се очекува фондот да ја одобри својата програма за Грција.

Истиот ден ќе биде објавен и извештајот на фондот за одржливоста на грчкиот долг. Во него ќе стои дека и покрај последните ангажмани на европејците на 15 јуни (кога тие ја одобрија следната транша од заемите за Грција), долгот на земјата останува неодржлив.

Можно е фондот да решава уште колку долго ќе чека европејците да се изјаснат за мерките кои се неопходни за кратење на грчкиот долг. Упорно се зборува дека декември е месецот во кој ќе биде појасно околу овој должнички проблем.

Заедно со тоа во петок се очекува меѓународната кредитна агенција Стандард енд Пурс да донесе одлука за подигнување на рејтингот на грчката економија.

Излегувањето на Грција на меѓународните пазари има огромно значење за владата во Атина, затоа што силно се надева дека така да добие камати помали од оние при првичното излегување на земјата на пазарите во април 2014 година, тоест под 4,95 проценти.

Тоа коалицијата планира да го стори откако ќе ги размени петгодишните државни обврзници од 2014, чиј рок истекува во 2019, со емисијата на нови обврзници со рок до 2022 година во вредност од две милијарди евра.

Освен тоа и заради ситуацијата дека Грција сеуште не е во последната етапа за излегување од програмата за помош, практично очекуваниот резултат од тоа е министерството за финансии да успее да добие заеми со ниска камата.

Од таа гледна точка, приказната „колку побрзо толку подобро“ сега е исклучително важна за кабинетот на Ципрас, затоа што секое задоцнување ќе го забави почетокот на третата транша од страна на кредиторите, кое владата сака да го избегне, а пазарите ќе се фокусираат на ризиицте од таа транша.

Но сепак се смета дека владата успеала да обезбеди поголема трпеливост од страна на Европската комисија и ММФ за пробно излегување на пазарите оваа недела.

Се разбира, сите многу добро знаат дека големиот залак останува третата транша која ќе започне во септември и ќе ја определи можноста за излегување на Грција од програмата за спас, чиј рок завршува во август 2018 година.

Во истото време дневниот ред на третите разговори за таа програма вклучуваат и постигнувањата во државната администрација и атестирање на државните службеници, како и забрзување на зделките за приватизација. Освен тие, други теми се поврзани со промените во законите за труд.

Една од тие предвидува измените да бидат објавувани во согласност со 50 проценти од членовите на најголемите синдикални здруженија. Европските институции пак побараа владата да се ангажира со нови буџетски мерки во 2018 година, кои ќе гарантираат поддршка на оддржлив буџетски вишок во висина од 3,5 проценти од БДП до 2022 година.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит