Софија, Скопје и Белград најмногу ќе го почувствуваат глобалното затоплување

Од:

Тропските горештини оваа година можат да бидат уште понеподносливи доколку не биде спречено глобалното затоплување, сметаат научници од американската независна организација „Climate Central“.

Посебно загрижува списокот на десетте градови, во кои летните температури постојано се зголемуваат и се прогнозира таквите тенденции да продолжат до 2100 година.

Првите три места на листата ги заземаат градови на Балканот. Температурите во Софија, доколку продолжи емисијата на штетни гасови, до крајот на веков ќе се зголемат за 8,4 степени, а истото се однесува и за Скопје. Трет на листата е Белград, за кој се предвидува зголемување на температурите за 8,3 степени.

Организацијата наведува дека во цел свет летните периоди стануваат многу потопли, а до крајот на векот ситуацијата ќе биде драматична доколку не прекине загадувањето на воздухот. Особено загрозени ќе бидат градовите чие население постојано се зголемува, па поради тоа температурите во нив би можеле да бидат за 7,8 степени потопли отколку во руралните области.

Моментно околу 54 отсто од населението во светот живее во градовите, а до 2050 година се очекува градското население да се зголеми за 2,5 милијарди жители.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ