СДСМ: Нема повеќе ВМРО-МВРО, започнат е процес на ослободување на заробените институции

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Сашо Павловски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Масовната партизација на државните институции беше главната одлика на 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, а Министерството за внатрешни работи, кое според признанието на тогашната министерка Гордана Јанкуловска ВМРО-ДПМНЕ го претвори во ВМРО-МВРО, беше еден од најочигледните примери за поклопувањето на државата од страна на партијата.

Токму масовната партизација на институциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ ја направи Македонија заробена држава и ја одалечи од евро-атлантските процеси.

Владата предводена од СДСМ, преку рефомскиот План 3-6-9 согласно препораките на ОБСЕ, ОДИХР и други релевантни меѓународни институции, почнува со сериозни реформи во судството, безбедносните служби, борбата против корупцијата, во јавната администрација и изборното законодавство, со што започнува процесот на ослободување на институциите што ВМРО-ДПМНЕ ги имаше заробено цели 11 години“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја води Македонија во маратон на сиромаштијата

А1он

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

(ВИДЕО) Борозан: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство

СДСМ: Максо остана сам да го „одработи“ авансот од Мицкоски

Горан Наумовски

Дојчиновски: Време е институциите да постапат по сомнежите за злоупотреби

Горан Наумовски