СДСМ: Поради криминални шеми на ВМРО-ДПМНЕ Скупи беше под закана од уништување

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Крстe Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Не постои поголем варварски чин во културата од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога се потрошија над 500 милиони евра, пари на граѓаните, за стиропор, спомениици и лажен барок за проектот Скопје 2014, а свесно и намерно се уништуваше вистинското културно наследство.

Дури и aрхеолошкиот локалитет Скупи беше под закана од уништување и нагрдување бидејќи ВМРО-ДПМНЕ, за остварување на криминални интереси, противправно сакаше да изгради сала од бетон, замаскирана со травертински плочки.

За разлика од криминалното владење на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ навистина се грижи и ќе го заштити културното и историско наследство. Преку Владата што ја предводи, ќе бидат спречени сите обиди за уништување или загрозување на објектите кои се од културно и историско значење, но истовремено ќе има ревизија на сите проекти и за секое незаконско постапување ќе има одговорност“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ за скандалот во Неготино: Пет пати повисоки цени за пазарот, институциите мора да реагираат

Тошковски обвинува за координиран опозициски напад кон него, СДСМ му порача дека има панични испади

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Костовски: Скандал во Неготино, пет пати поскапи цени од реалните: Пазар од злато или пари во џеб?

СДСМ: Истрагата за Кочани е фарса под команда на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски

СДСМ: Повторно нема истрага против никој од МВР одговорен таа ноќ

Катерина Ѓуровски

Костова: Власта да се откаже од намерата за нова просечна кошничка

А1он