Дејвид Дејвис на преговорите за Брегзит останл само два часа

Од:

Британскиот министер за Брегзит и шеф на делагацијата на преговорите со ЕУ, Дејвид Дејвис, останал во Брисел едвај два часа по започнувањето на втората рунда преговори со европската делагација предводена од Мишел Барние, по што се вратил во Лондон.

Лондонските медиуми откриваат дека Дејвис на преговарачката маса со Барние и неговиот тим, бил само помалку од еден час и покренуваат прашања околу причината од таквото однесување.

Овој британски министер вчера самиот порача дека е дојдено време за да се „почне со сериозна работа“ за обезбедување праведен договор околу британското напуштање на ЕУ, прифаќајќи го барањето на Брисел, прво да се разрешат сите прашања околу идниот статус на државјаните од ЕУ во Велика Британија и на Британците кои живеат во земјите на Унијата.

Телевизиите изразуваат сомнежи во искреноста на неговата вчерашна изјава, прикажувајќи дека на преговарачката маса пред Дејвис немало никакви документи или хартии, што би навестувале подготвеност за „сериозна работа“, за разлика од Барние и членоивите на неговиот тим.

Засега нема официјално објаснување зошто британскиот министер се вратил од Брисел, набргу по започнувањето на втората рунда преговори, која беше најавено дека ќе трае цела недела.

Претставник на неговиот кабинет во Лондон само изјави дека „нема ништо необично“ во тоа затоа што Дејвис, иако шеф на британската делегација и главен преговарач, од претходно најавил дека тој ќе биде на преговарачката маса само кога ќе бидат потребни „тет а тет“ разговори со Барние и при стартот на секоја рунда преговори.

Барние, кој е поранешен француски министер и еврокомесар, вчера одби да даде директен одговор за тоа дали ЕУ ќе бара „ненорамално многу пари“ при финансиското порамнување околу повлекувањето на Велика Британија од Унијата, но предупреди дека „часовникот забрзано отчукува“, мислејќи на времето што останува за завршување на преговорите, а кое досега се троши залудно.

Брисел неколкупати досега предупреди дека Британците иако заговараа брзо завршување на работата околу договорот за Брегзит, одолговлекуваат со започнувањето сериозни и сеопфатни преговори.

Според договорот, преговорите треба да завршат до март 2019 година, две години од нивното формално покренување. На почетокот на април таа година, Велика Британија и официјално ќе излезе од членството во ЕУ.

Дејвис е еден од најтврдите „брегзитери“ во британската Влада. Тој водеше силна кампања за напуштање на ЕУ, уверувајќи ги Британците дека на земјата ќе и биде подобро сама, отколку како дел од Унијата.

Тој важи и за еден од посериозните претенденти за наследник на актуелниот премиер Тереза Меј, заедно со министерот за надворешни работи Борис Џонсон.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски