Повреден 29-годишен пешак во Неготино

Од:

Пешак бил повреден вчера попладне во Неготино. По укажаната медицинска помош, бил упатен на домашно лекување.

Портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски денеска изјави дека пешакот бил повреден околу 16.30 часот на улицата „Ацо Аџи Илов“, спроти летната тераса на „Сити кафе“.

– Од страна на возачот Д.Д.(40) од Неготино со патнички автомобил марка „форд фокус“ со неготински регистарски ознаки, загрозена била безбедноста во сообраќајот. Возачот најпрво го стартувал автомобилот, тргнал и го удрил пешакот Д.К.(29) кој се движел по тротоарот. Пешакот по ударот се здобил со телесни повреди, а возачот со автомобилот удрил во инвентарот на „Сити кафе“ и запрел на тревната површина, рече Додевски.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица од општа надлежност Неготино.

Би можело да ве интересира

СДСМ за скандалот во Неготино: Пет пати повисоки цени за пазарот, институциите мора да реагираат

(ВИДЕО) Костовски: Скандал во Неготино, пет пати поскапи цени од реалните: Пазар од злато или пари во џеб?

(ВИДЕО) СДСМ: Пазарот во Неготино од 17 тони железо прикажан како „урбана опрема“

А1он

Пијан маж од Неготино со украдено возило искршил рампи на наплатната станица „Виничани“

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Во Кавадарци и Неготино сопруги пријавиле физички напад и закана од сопрузите