Египјаните го прифатија предлогот за нов устав

Од:

Според првите податоци соопштени синоќа по затворањето на избирачките места, граѓаните на Египет го прифатиле предлогот за нов устав кој го понудија исламистите на претседателот Мохамед Морси, и покрај острите критики од опозицијата.

Официјален претставник на партијата „Муслимански браќа“, која го поддржува исламистичкиот шеф на државата, изјави дека по вчерашната долга и завршна фаза од гласањето на референдумот врз основа на преброените речиси четири милиони гласови, 74 отсто се за поддршка на новиот устав.

И податоците на опозицискиот Фронт за национален спас покажуваат дека граѓаните гласале за донесување на уставот.

Според првичните резултати по првата фаза, за уставот гласале 57 отсто од избирачите, додека против се изјасниле 43 проценти.

Официјалните резултати од гласањето веројатно нема да бидат објавени до утре, поради можноста за поднесување жалби.

Аналитичарите предвидоа дека вчера, како и минатата сабота, најголем број од избирачите ќе гласаат за новиот устав, составен од исламистичките движења во Парламентот, имајќи предвид дека останатите 17 провинции се уште поконзервативни и поприврзани за исламистичкото движење „Муслимански браќа“ на Морси.

Приврзаниците на Морси сметаат дека уставот е клучен за развој на демократијата, две години по „Арапската пролет“ и соборувањето од власт на Хосни Мубарак, како и за зајакнување на економијата. Од друга страна, опозицијата го обвинува Морси дека со ваков устав ги фаворизира исламистите, а ги игнорира правата на христијаните кои сочинуваат околу 10 отсто од населението, како и правата на жените.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски