Европската унија соопшти денеска дека ја разгледува можноста за воведување поостри санкции кон Северна Кореја, поради тестирање на балистички ракети, а со цел да ја спречи таа земја и натаму да го финансира развојот на нуклеарното вооружување.
Во соопштението објавено денеска се наведува дека извршната власт на ЕУ го осудува тестирањето извршено претходно овој месец како „сериозна закана за меѓународниот мир и безбедност и повикува на ставање крај на таквите активности“.
Освен постоечките санкции ЕУ ќе разгледа натамошни соодветни одговори во соработка со сојузниците и ОН.
Истовремено ЕУ и понуди поддршка на Јужна Кореја во напорите да преговара со Северна Кореја.