Отворена изложбата „Народите од долината Омо“ во Битола

Од:

Во организација на Амбасадата на Франција во Република Македонија и францускиот Конзулат во Битола е отворена изложбата „Народите од долината Омо“, чиј автор е Доминик Готје, советник во Француската амбасада и дипломат.

Дипломатот Готје повеќе од четири децении освен со дипломатија се занимава и со фотографирање, а најголем дел од неговата фотоархива е поврзана со неговиот дипломатски престој и мисија во Југозападна Африка.

– Патував насекаде во светот и имам фотографии од сите страни на светот. Во периодот од 2004 до 2008 година бев во Етипија од каде ги донесов најинтересните фотографии. Бев и во Кенија која е богата со пејзажи, а на крајниот југ има едно племе што е многу интересно и кое го негува култот кон убавото. На публиката во Битола и понудив едно естетско патување од Африка пренесено низ фотографии, истакна авторот Готје пред присутната публика на свеченото отворање на неговата фото-изложба во битолската „Магаза“.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски