ЛП: Спасовски да го исчисти МВР од партиските инсталации на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Либералната партија го поздравува зголемениот број полициски патроли кои ги најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Исто така апелираме тие да не бидат со моментално дејство (маркетинг) во време траење 2-3 месеци, затоа што вистинската работа на полицијата е да казнува прекршувачи во сообраќајот од сега па натаму секојдневно (24 часа) со патроли на секоја педа, без попустливост кон функцијата на сторителот (министерска, пратеничка, директорска) или социјалниот (финансиски) статус на прекршителот, со крајна цел воспоставување нормален сообраќаен режим, и сообраќај во кој ќе се почитуваат правилата од секој поединец, за побезбедна иднина на секој граѓанин на Република Македонија, и еднаш веќе нека прекине неказнетото гинење на скопските улици и патиштата низ Македонија.

Исто така го повикуваме министерот Спасовски уште потемелно, побрзо и поефективно да го исчисти Министерството за внатрешни работи од непрофесионалците и партиските инсталации поставени од ВМРО-ДПМНЕ кои истото го претворија во партиски апарат, кој својата кулминација ја доживеа на 27 април 2017 година, кога овие полициски инсталации не послушаа наредба од министерот Агим Нухиу за спречување на инцидентите во Собранието на РМ, туку напротив учесвуваа во обид за ликвидирање на пратеници од новоформираното мнозинство во Собранието.

Неопходно е да се преземат такви мерки со што ќе се олесни средувањето на состојбите во Обвинителствата и во Судовите, а и враќањето на сите институции во системот утврден со Уставот и законите“, се вели во соопштението на ЛП.

Би можело да ве интересира

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он

МВР: Криминална група лажираше надоместоци при регистрација на возила и переше милиони преку осигурителна компанија

Горан Наумовски

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он