(ВИДЕО) Бендевска: Не се сомневам дека во брзо време владата ќе го прекине и собранискиот канал

Од:

„Оние кои синоќа многу храбро и јуначки ги задолжија граѓаните на Република Македонија, денес немаат храброст да дојдат и да елаборираат на што ќе го потрошат најновиот долг. Очекувам секој момент, доколуку така одлучат да ни пратат поиција, а не се ни сомневам дека во брзо време ќе го прекинат и собранискиот канал“, рече Весна Бендевска.

Од денес, рече, нема устав на Република Македонија, од денес има само партиска книшка на ВМРО ДПМНЕ. Не може со партиски декрет се прави упад спротивно на уставот во собрание. За што ќе моли Ѓорчев плус од нас, од опизицијата? Господине Ѓорчев немора да коленичите, дојдете ќе седнеме како луѓе, како претставници на народот. Сакам да го прашам Господинот Груевски, што мисли да прави со граѓаните кои не ја подржуваат неговата политика, гасни комори? Владата не се одкажува од зголемување на буџетската дупка, а таа дупка ја решава со долг, долгот со долг.

Време е Македонија навистина да биде сериозно претставувана од оној кој навистина може да ја сноси целокупната одговорност, а тоа е опозицијата.

Би можело да ве интересира

Собранието го усвоиот ребалансот на Буџетот за 2026 година

Левица: ​​​​​​​Утре ДПМНЕ ќе го гласа ребалансот со кој секој десетти денар е позајмен, а амандманите на Левица насочени кон јавниот интерес – одбиени

Предраг Петровиќ

Димитриеска-Кочоска: Буџетските приходи пораснаа за 8,6 отсто, јавните финансии се стабилни

Левица поднесе 47 амандмани кон ребалансот на Буџетот: Парите да се насочат кај граѓаните, а не кај партиските интереси на власта

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот не е празен, ниту се загрозени пензионерите

Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб