Втора рунда преговори меѓу Британија и ЕУ за Брагзит

Од:

Во Брисел од денеска, па во текот на целата оваа недела, ќе се одржи втората рунда од преговорите за Брегзит, на кои приоритет е прашањето за статусот на државјаните на ЕУ во Велика Британија и на Британците кои сега живеат и работат во земјите на Унијата.

Во пресрет на преговерите, британскиот министер за Брегзит, Дејвид Дејвис изјави во Лондон дека е време Велика Британија и ЕУ да се „зафатат со вистинска работа“ во врска со преговорите за напуштањето на земјата на Унијата.

– Направивме добар старт минатиот месец, па оваа недела ќе ги покренеме суштинските прашања, изјави Дејвис.

Брисел и ЕУ инсистираат на почетокот од процесот за Брегзит да се разрешат прашањата околу статусот на Европејците на бритнската територија, финансиското порамнување меѓу Унијата и Велика Британија, како и идниот статус на британско-ирската граница, па дури потоа да се покренат разговорите за идните европско-британски односи и за постигнување договор за слободна трговија.

Официјален Лондон уште од отворањето на процесот на Брегзит бараше преговорите да се водат „во пакет“ – при што во исто време ке се разговара за „тековните прашања“ и за трговските врски по британското излегување од Унијата, но уште на стартот од преговрите попушти под притисокот од ЕУ.

– Сега и за нас е од приоритетно значење да се обезбедат Британците во ЕУ и европските државјани во Британија, па затоа ќе настојуваме за овие работи да постигнеме вистински напредок во оваа втора рунда од преговорите, изјави министерот Дејвис.

Главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние, претходно предупреди дека Брисел и Лондон околу ова прашања се уште имаат големи разлики.

Изјавата на Барние уследи откако британската премиерка Тереза Меј најави дека Владата во Лондон сака на сите три милиони државјани на ЕУ во Велија Британија да им обезбеди статус на жителство.

Таквата британска понуда беше отфрлена од ЕУ, како неприфатливо решение, а претседателот на Европскиот совет Доналд Туск го оквалификува предлогот на Меј како „помалку од очекуваното“.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно