Чистење на просторот под Железничката станица во Скопје

Од:

Граѓанската иницијатива Мрдни со прст, заедно со жителите на Аеродром и сите што сакаат да го направат своето маало поубаво и почисто место за живеење, попладнево во 18:30 часот организираат акција за чистење и разубавување на областа под Железничката станица, во близина на улицата Венјамин Мачуковски.

Присутните ќе ги анимираат Тони Зен, ДЈ Гоце Саф и Марко Новески, а истовремено мајсторите за графити ќе ги разубавуваат столбовите на Железничката станица.

– Разубавувањето токму на оваа област е всушност реакција од страна на совесен граѓанин кој пред неколку месеци го пријавил проблемот на веб страната www.mrdnisoprst.mk како локација во градот на која и е потребно чистење, разубавување и редовно одржување, информира Мрдни со прст.

Во акцијата се вклучени Сојузот на извидници на Македонија Ајде Македонија, Националниот младински сојуз на Македонија, Биди Зелен, Општина Аеродром,…

Со овој настан Мрдни со Прст продолжува со активностите за подигнување на свеста на граѓаните за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец. „Tи си на потег” како слоган на кампањата, го повикува секој граѓанин да даде своја идеjа, да се вклучи и да реализира активности со цел да направи одреден придонес во заедницата во која живее.

Повеќе информации за тоа како секој може да се вклучи, а воедно и детали околу предходните и следните активности на Мрдни со Прст се достапни на www.mrdnisoprst.mk, како и на Facebook страницата www.facebook.com/MrdniSoPrst.

Би можело да ве интересира

Обвинителството побара мерки за претпазливост за малолетниците кои во Аеродром тепаа и со мобилни ја снимаа жртвата

Горан Наумовски

37-годинашна жена од Аердром е пронајдена мртва во својот стан

Горан Наумовски

Маж од Аеродром е пронајден мртов во својот дом

Горан Наумовски

46-годишна жена е пронајдена мртва во стан во Аеродром

Горан Наумовски

Казна од 20.000 евра за нелегално фрлање отпад во Општина Аеродром

Наставничка е нападната додека држеше родителска од мајка на ученик

Горан Наумовски