А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Заради криминални тендери, ВМРО-ДПМНЕ сакаше да го уништи Скупи

by А1он16/07/2017 - 18:32149
Share0

СДСМ со писмено соопштение реагираше на прес-конференцијата на Владимир Атанасов од ВМРО-ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер

„Додека ВМРО-ДПМНЕ новокомпонираните барокни градби ги подметнуваше како културно наследство, вистинското културно и историско наследство скапуваше и се распаѓаше. Додека ВМРО-ДПМЕ ги трошеше парите на граѓаните на стиропор и лажен барок, најзначајните културно историски објекти како античкиот локалитет Хераклеа, скопскиот аквадукт, археолошките остатоци на Плаошник, фреската „Ангелот од Курбиново“ во црквата „Свети Ѓорѓија“ и други, свесно и намерно беа загрозувани и запуштени.

Локалитетот Скупи за кој денес ВМРО-ДПМНЕ лицемерно прикажува загриженост беше во опасност од уништување само заради остварување на криминални интереси на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ долго време предупредуваше дека ВМРО-ДПМНЕ преку таканеречена обнова и преку криминален тендер со набилдани цени сакаше противправно да гради сала со 9000 седишта и со тоа да го уништи археолошкиот локалитет Скупи.

За разлика од криминалното владење на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ навистина ќе се грижи и ќе го заштити културното и историско наследство. За конкретниот случај со Скупи одобрени се средства за да се доврши конзервацијата и таа е завршена. Нема да се дозволи остварување на криминални интереси и продолжување во следни фази на таканаречена обнова, бидејќи таков термин не постои во Законот. СДСМ преку Владата што ја предводи одговорно ќе се однесува кон културното и историско наследство. Ќе бидат спречени сите обиди за уништување или загрозување на објектите кои се од културно и историско значење, но истовремено ќе има ревизија на сите проекти и за секое незаконско постапување ќе мора да има одговорност“ се вели во реакцијата на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ се мачи да го одвлече вниманието на граѓаните од најважното прашање – предавството на Македонија, мигранти за пари

Горан Наумовски17/12/2025 - 20:04

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Кој ќе ја поддржи Резолуцијата, нека знае што следува

Горан Наумовски17/12/2025 - 20:03

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Горан Наумовски17/12/2025 - 19:13

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски17/12/2025 - 18:2217/12/2025 - 18:41

СДСМ: Нов доказ-мигранти за пари, проект за железница со пари од договорот со Британија

Горан Наумовски17/12/2025 - 17:32

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски17/12/2025 - 16:5917/12/2025 - 17:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен