Ѓорѓиевски: Доколку некој сакал да избега досега можел да го стори тоа неколкукратно

Од:

Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите кажа дека СЈО водела организирана и политички мотивирана хајка против ВМРО-ДПМНЕ и раководството на партијата, со цел да му помогне на Зоран Заев и СДСМ. Како што кажа тој целта била создавање на негативна слика за партијата во очи на престојните локални избори.

– СЈО работи во полза на СДС и преку своите монтирани случаи создава материјал за медиумите кои им се под контрола да го оцрнуваат ВМРО-ДПМНЕ. Барањата за притвор на СЈО за раководството на ВМРО-ДПМНЕ се алатка за притисок врз апелациониот суд за да не ги поништи првостепените одлуки за одземање на патните исправи на истите, изјави Ѓорѓиевски.

Барањата за притвор, како што рече Ѓорѓиевски, како и мерите за претпазливост биле целосно неосновани, без ниту еден доказ и апсолутно неаргументирани. Тој додаде дека тие биле засновани исклучиво врз политички мотивирана агенда за хајка против ВМРО-ДПМНЕ.

– Тезите на СЈО дека истите се поради опасност од бегство на лицата за кои се бараат, се погрешни и тенденциозни. Лицата опфатени во барањата за изрекување на мерки за обезбедување на присуство или мерките за претпазливост се функционери кои уживаат углед во земјата и странство, истите често патуваат, во најголем дел службено, па доколку некој до сега сакал да избега можел тоа да го стори неколкукратно, рече Ѓорѓиевски.

Според него, раководството на ВМРО-ДПМНЕ нема сторено ниту едно кривично дело и затоа немале причина да бегаат. Ѓорѓиевски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ верува во правниот систем на Република Македонија, кој носел одлуки врз база на Уставот и законите, а не врз база на политички монтирани обвиненија.

– Судот не смее да делува по ничиј диктат и истиот не треба да подлегне под политички притисок на СДС/СЈО. Судот мора своите одлуки да ги темели исклучиво врз база на докази, заврши Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчеле за криминалот

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

ВМРО-ДПМНЕ: СДС намерно ја извртува јасната уставно-правна природа на Резолуцијата и продолжува со ширење паника

СДСМ: ДПМНЕ се мачи да го одвлече вниманието на граѓаните од најважното прашање – предавството на Македонија, мигранти за пари

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски