Египетскиот потпретседател Махмуд Меки поднесе оставка

Од:

Египетскиот потпретседател Махмуд Меки денеска поднесе оставка, соопшти државната телевизија.

Според соопштението, Меки сакал да се повлече уште во ноември, но ја одложил својата одлука поради немирите во земјата.

Неговата оставка беше соопштена само пет часа по почетокот на финалната фаза на гласањето на референдумот за нов устав, поддржан од исламистите, а оспоруван од либералната опозиција.

Меки, кој е судија по професија, најави дека ќе се повлече од потпретседателската функција штом биде одобрен уставот.

Во соопштението на Меки, прочитано на телевизија, сепак се навестува дека мотивот за неговата одлука може да е поврзан со политиката на претседателот Мохамед Морси, пренесува БТА.

Меки вели дека поднел оставка минатиот месец, но бил притиснат од настаните да остане.

„Сфатив уште пред некое време, дека политиката е неспоива со мојата професијата на судија“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски