Министерката Шекеринска во Романија на вежбата „Saber Guardian 17“

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Чинку, Романија, присуствува на мултинационалната воена вежба „Saber Guardian 17“, предводена од Командата на копнените сили на САД за Европа.

Како што соопштија од Министерството за одбрана, Шекеринска истакнала дека на вежбата на која учествуваат 22 земји – членки на НАТО и земји партнери е шанса да покажеме дека АРМ и Македонија заслужуваат да се сметаат за партнер на НАТО, и дека Македонија заслужува НАТО да ја продолжи политиката на отворени врати. Македонија, потенцирала министерката, останува посветена на подобрувањето на стабилноста и безбедноста во регионот и пошироко, како и на подобрување на условите, опремата и капацитетите на Армијата.

Во рамки на Денот на вискои гости на вежбата, министерката Шекеринска остварила и билатерална средба со министерот за одбрана на Романија, Адријан Цуцујану, прва меѓу министри за одбрана на двете земји по десет години.

– Двајцата министри разговараа за унапредување и интензивирање на соработката во одбраната, јакнењето на капацитетите на АРМ за усогласување со стандардите на НАТО. Министерката Шекеринска истакна дека поддршката од Романија за членството на Македонија во НАТО е особено значајна и дека приемот на Македонија во Алијансата ќе даде придонес кон јакнење на безбедноста и стабилноста на регионот, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.

Министерот Цуцујану ја повторил отворената и безрезервна поддршка на Романија Македонија час поскоро да добие покана за членство. Тој го поздравил учеството на припадниците на Армијата на Република Македонија во меѓународните мировни мисии кои според него Македонија има позитивна улога како фактор на стабилност во регионот.

Двајцата министри разговарале и за конкретни активности за спроведување на Планот за билатерална соработка, како и за продолжување на позитивните искуства во соработката во обука на припадници на АРМ во Романија, но и за користење на капацитетите на АРМ, како полигонот Криволак и Регионалниот центар за односи со јавноста, за обука на кадри од Армијата на Романија.

Во македонската делегација, предводена од министерката Шекеринска се и бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски и командантот на баталјонот на воената полиција потполковник Васко Коколански.

„Saber Guardian 17“ е најголемата вежба во Црноморскиот регион која се спроведува во три земји – Романија, Унгарија и Бугарија, а дел од неа се 25.000 припадници на вооружените сили од 22 земји од НАТО-земји и земји-партнери. На вежбите во Романија учествуваат 57 припадници на АРМ во составот на копнените сили на САД за Европа, и тоа 40 припадници од баталјонот на Воената полиција како дел од 709.воено-полициски баталјон на Армијата на САД, осум припадници на инженериски баталјон во состав на вториот инженериски сквадрон на Армијата на САД и девет припадници на Балканските медицински наменски сили во состав на 30-та медицинска бригада на Армијата на САД. Баталјонот на воената полиција ќе извршува задачи на обезбедување на конвојот за премин преку река, додека инженерискиот баталјон ќе учествува во изградбата на преминот. Припадниците на Балканските медицински сили се дел од медицинската поддршка со поставување и оперативност на лесната полска болница на ниво РОЛ-2.

На вежбата се демонстрира подготвеност за употреба на кредибилна колективна одбрана што вклучува компјутерски поддржани вежби, теренска обука и вежби со боеви гаѓања.

За Македонија е особено значајно е што по завршувањето на вежбата „Saber Guardian 17“, околу 300 припадници на Армијата на САД во Европа со преку 100 инженерски возила и опрема од Романија ќе пристигнат во Македонија каде на полигонот „Криволак“ од 28 јули до 8 август ќе се изведе воената вежба „Dragoon Guardian 17“.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се затресе силно и во Молдавија, снимена реакцијата на претседателката Санду

Предраг Петровиќ