Не му дозволија да влезе во Владата поради чевлите

Од:

Иако владината зграда денеска беше отворена за министрите да ги ислушаат идеите на граѓаните, не секој можеше да седне на маса со премиерот Груевски, министрите Сарачини, Ристовски или Попоски, објави „24 Вести“.

62 – годишниот Борис Миладинов од велешкото село Теово останал пред владината зграда. Му рекле дека неможе да влезе во зградата на Владата оти носел работнички чевли.

Тешко погоден од случката Борис раскажал дека е член на владејачката партија уште од основањето, а во конфликтната 2001-ва и ја обезбедувал зградата во која денеска неможеше да влезе.

Идеите кои денеска ќе бидат собрани ќе бидат испратени до институциите на кои се однесуваат. Владиниот портпарол информира дека во рок од две недели од тие идеи ќе направат проекти кои потоа ќе ги достават до кабинетот на премиерот Груевски, а ќе се разгледуваат на владина седница кон средината на следниот месец.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски