Костовски: СЈО го повторува наративот на Зоран Заев

Од:

Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите кажа дека СЈО е алатка за политички прогон во рацете на СДСМ против ВМРО-ДПМНЕ и нивните функционери.

– СЈО работи по диктат на власта и сите нивни случаи и обвиненија се правно неиздржани, конструирани и без никакви докази. Таргет и Тврдина се едни од случаите преку кои СЈО имаше за цел, целосно да ја изврти вистината и да ги манипулираа граѓаните. СЈО преку овие политички монтирани случаи, сакаше да претстави пред јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ од позиција на власт сама себе се прислушувала, што е крајно апсурдно и неточно тврдење, изјави Костовски.

Според него, СЈО во текот на прес-конференциите на кои што ги презентирале обвиненијата, го повторувале наративот на Зоран Заев од партиските прес-конференции.

– Преку случајот Тврдина СЈО ја лажеше јавноста за наводна милионска штета која била направена при уништување на стара опрема за прислушкување, што е целосна лага и безобразна манипулација. Имено уништувањето на старата опрема за прислушкување не нанесе никаква штета врз буџетот на државата, бидејќи истата беше неупотреблива, со нула денари пазарна вредност, која не можеше да ги изврши функциите за кои е наменета. Уништувањето на опремата е направено со целосно испочитувани законски процедури, при што е формирана стручна комисија која одлучувала по однос на истото. Целата постапка е извршена согласно законски предвидени процедури и тука нема апсолутно никаков доказ кој ќе го негира тоа, рече Костовски.

Тој додаде дека СЈО наместо да ја извршувале задачата за која што биле платине, тие ги извршувале нарачаните хајки против ВМРО-ДПМНЕ од страна на Зоран Заев. Според Костовски, тоа најдобро се гледало по првата одлука на СЈО во која Катица Јанева ги ослободила обвинетите од случајот „Пуч“, а потоа се повлекла и од обвинението, иако Ѕвонко Костовски ја признал вината и се спогодил околу висината на казната.

– Со своето однесување СЈО се стави на листата политички инквизитори на 21 век, и ќе биде запишано во темните страници на правосудната наука како институција која наместо според правните норми и стандарди работеше по политички диктат и вршеше политички прогон, заврши Костовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Јавното обвинителство да не се осмелува да го штити Филипче

Криминалот на Филипче секој го гледал, а Јавното обвинителство упорно молчи и го штити, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Во време кога нема автобуски превоз, Скопје се дави во ѓубре и се занимава со циркусот Данела, што сработи синот на Блерим Беџети за 12 илјади евра интелектуални услуги?

ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив

СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ повлекоа сопствена точка, само за да ја спасат урбаната мафија

(ВИДЕО) Манасиевски: Венко Филипче е главниот лик во аферата „Провизии кои чинат животи“