Гутереш повикува на итен дијалог во Венецуела

Од:

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш повика за итен дијалог меѓу венецуелската Влада и опозицијата за да се спречи „насилството, злоупотребата и фанатизмот“ и да се постигне договор за излез од политичката криза во рамки на Уставот.

Според него, нема да има решение за кризата ако “е наметнато однадвор“.

– Патот за излез од кризата е преку договор, избори и почитување на основните права и уставните одредби, изјави Гутереш. Тој додаде дека само жителите на Венецуела може да најдат решение, а меѓународната заедница да „поддржи мирна разврска заснована на политички дијалог“.

Повикот на Гутереш е ден пред одржувањето на симболичниот референдум организиран од опозицијaта за контроверзниот план на претседателот Николас Мадуро да го смени Уставот преку формирање ново Уставотворно собрание.

Повеќе од 90 луѓе загинаа во изминатите три месеци во Венецуела во протестите против власта на претседателот Николас Мадуро.

Би можело да ве интересира

Гутереш: Ако Израел ги прекине врските со УНРВА, ќе мора сам да ги задоволи потребите на бегалците

Гутереш во Казан повика на прекин на огнот во Газа, Украина и Судан

Северна Кореја: Гутереш применува „двојни стандарди“

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски