Извлечени добитниците на најголемата лотарија во светот

Од:

Добитниците на најголемата лотарија на светот, Божиќна лотарија на Шпанија, денес го прославија освојувањето на наградата во вкупна вредност од 2,5 милијарди евра.

Победничките билети со најголемата награда од 400.000 евра, познат како “Ел Gordo” (дебелиот) купени се во 15 градови, а само во источното предградие на Мадрид Алкала де Енарес отидоа 520 милиони евра.

Меѓу добитниците на најголемите награди се и 50 поранешни работници на фабриката за метални делови “Cametal”, која пред пет месеци поднесе барање за стечај и престана да исплаќа плати. Шпанската божиќна лотарија, за разлика од сличните игри на среќа
во остатокот на светот, порамномерно ги распределува наградите наместо да има неколку големи џекпотови, па така илјадници луѓе може да добијат некоја награда.

Телевизискиот пренос на лотаријата, која оваа година слави 200 години постоење, традиционално го гледа речиси целата нација. Лотаријата е толку популарна што во просек се продаваат по три билети на секој шпанец, кои чини 20 евра. Многумина оваа лотарија ја сметаат за неофицијален почетокот на празничната сезона.

Иако продажбата на билетите оваа година опадна за 8,3 отсто во однос на претходната, според податоците на Националната лотарија, претходните денови, луѓето чекаа во редици за да купат билети на места каде што купиле поранешните добитници.

Поради големата криза која ја погоди Шпанија, добитниците на наградата, која досега беше ослободена од данок, сега ќе мора да платат 20 отсто данок на износи поголеми од 2.000 евра.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата