Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за академската 2017/2018 година.
Конкурсот е објавен на официјалната web страна на Министерството за образование и наука: www.mon.gov.mk.
Како што соопшти МОН, на Конкурсот за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за студиската 2017/2018 година имаат право да конкурираат сите студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија кои сакат да го остварат правото на сместување во студентски домови.
Начинот на аплицирање, како и критериумите за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија, се објавени во самиот Конкурс.
Електронското аплицирање за сместување во студентските домови ќе започне на 17 јули 2017 година.