Две странски туристки загинаа, а четворица се повредени при напад со нож во Хургада

Од:

Двете туристки, кои беа убиени со нож во одморалиштето Хургада на Црвено Море се Германки, а на Украинки, како што претходно беше соопштено, изјави генерал-мајор Мохамед ел Хамзави.

Тој додаде дека меѓу четворицата повредени, двајца се од Полска.

Амбасадорор на Украина во Египет, Генадиј Латиг демантираше дека загинатите туристки се украински државјанки. Тој, исто така, наведе дека меѓу повредените е и една Русинка, која е родена во Украина.

Претходно, беше објавено дека во нападот повредени се тројца Срби и еден државјанин на Полска. Но, Министерството за надворешни работи на Србија соопшти дека во нападот во Хургада нема повредени српски државјани.

Според неименуван египетски безбедносен претставник напаѓачот планирал да избоде само странци.

– Момчето од дваесетина години за време на нападот на арапски викаше: Тргнете се, не сакам Египќанци, посочи неименуваниот извор.

Напаѓачот е уапсен, а се уште се утврдуваат мотивите за нападот.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски