По денешниот напад во Ерусалим израелската полиција го приведе главниот муфтија

Од:

По денешниот напад во Ерусалим, во кој загинаа двајца израелски полицајци, полицијата го уаспила главниот муфтија на Ерусалим, Мохамед Хусеин, соопшти неговиот син, цитиран од француските медиуми.

Во моментот на апсењето Хусеин бил со други Палестинци крај Лавовската порта во Стариот град во знак на протест против затворањето на Плоштадот на џамиите. По нападот пристапот до комплексот бил блокиран од безбедносни причини.

-Специјални полициски единици го уапсија шекот во близина на Плоштадот на џамиите, изјави еден од неговите телохранители.

„Не знам ништо за татко ми, кој беше одведен во полициската управа, во Источен Ерусалим, изјави синот Џихад Хусеин. „Бев со него, ништо не направи, не знам зошто го уапсија“, додаде тој.

Одговорноста за нападот ја презеде палестинската радикална група „ФАТХ ал-интифада“, соопшти либанската телевизија „Ал Мајадин“, повикувајќи се на нејзино соопштение, пренесе ТАСС.

Би можело да ве интересира

Американски претставници на средба со Нетанјаху: Примирјето со Хезболах мора да ја гарантира безбедноста на Израел

А1он

ВИДЕО: Најсмртоносен напад на Хезболах на Израел, убиени петмина

Катерина Ѓуровски

Израел мора веднаш да се справи со „катастрофалната хуманитарна ситуација“ во Газа

Новиот шеф на Хезболах: Напуштете ја нашата земја, ако останете ќе платите

Најмалку 19 загинати Палестинци во новиот израелски напад на Газа

Хезболах тврди: Нетанјаху е исплашен бидејќи е наша мета

Горан Наумовски