Министерот Спасовски се сретна со унгарскиот амбасадор

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со амбасадорот на Република Унгарија Ласло Иштван Дукс.

МВР соопшти дека амбасадорот ги потенцирал одличните односи меѓу двете земји и решеноста на Република Унгарија максимално да и помогне на Република Македонија. Во тој правец е и поддршката за македонската полиција преку низа проекти, но и со присуство на контингент унгарски полицајци на јужната граница, кои и помагаат на македонската полиција во справувањето со проблемот со мигрантите. Во соопштението се наведува дека во моментов на јужната граница има 30 унгарски полицајци кои таму треба да останат до октомври, а Република Унгарија е подготвена оваа соработка да продолжи и во иднина.

Министерот Спасовски изразил уверување дека таа во иднина ќе биде уште посодржајна. Тој ја потенцирал решеноста за спроведување реформи во македонската полиција, за што од голема полза ќе биде и помошта од пријателските земји каква што е Република Унгарија. Крајната цел на реформите, потенцира Спасовски, е полицијата да се департизира и декриминализира и да биде вистински сервис на граѓаните.

Министерот Спасовски упатил благодарност до Република Унгарија за помошта при чувањето на јужната граница и го информирал амбасадорот дека се формирани работни групи за преговори со ФРОНТЕКС за заштита на границата, но ќе биде потребно време додека се завршат тие преговори, па затоа се очекува полициските службеници од оваа држава да останат во Република Македонија и по октомври.

Министерот Спасовски и амбасадорот Ласло Иштван Дукс се согласиле дека постојат можности и за интензивирање на соработката особено во областа на форензиката и борбата против корупцијата, а во таа насока е и потпишувањето на меморандумот за соработка меѓу нашиот Центар за обука и Полициското училиште за спроведување на закон од Сегедин. Амбасадорот на Република Унгарија ја пренесе и поканата од унгарската полиција за посета на претставници на македонската полиција со цел размена на искуства во борбата против корупцијата.

Би можело да ве интересира

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, Европската Унија се распаѓа

Орбан: Унгарија не ги сака туѓите пари, ние не сме крадци

Орбан: Секако дека ќе ги собориме руските дронови

Сијарто: Санкциите на Бајден против „Пакс II“ беа политичка одмазда

Унгарски ловци пресретнаа пет руски воени авиони како дел од мисијата на НАТО

Сијарто: Унгарската влада сака „повторно да ја направи Унгарија голема“