Над 10.000 сообраќајни прекршоци во Полошко во првите шест месеци

Од:

На подрачјето на СВР Тетово во првите шест месеци годинава се откриени вкупно 10.791 сообраќаен прекршок, од кои 5.787 се во тетовскиот регион, а преостанатите 5.004 во Гостиварско. Споредено со истиот период лани, бројот на откриените прекршоци е намален за 446, информираат од СВР Тетово.

Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски, најчести прекршоци во периодот за кој станува збор, 1.116 се за управување без возачка дозвола, 1.035 за нерегистрирани возила, додека 382 за техничка неисправност на возилата.

– Евидентен е големиот број на прекршоци 1.116 за управуавње на возило без дозвола. Од нив, 616 биле регистрирани на тетовското и 500 на гостиварското подрачје, каде продолжува појавата да се вози без претходно положен возачки испит и валидна дозвола, вели Јосифоски.

Од констатираните прекршоци во овој период, санкционирани се со 5.921 мандатен платен налог, 3.202 прекршочни платни налози и со исклучување од сообраќај на 602 возила, а времено се одземени 48 возачки дозволи.

СВР Тетово, од полетокот на годината изготвил и поднел 3.987 барања за поведување на прекршочна постапка по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ