Кражби во обложувалница, казино и аптека во Скопје

Од:

Непознати сторители во текот на вчерашниот ден извршиле кражби во обложувалницата „Спорт лајф“, во аптека „Хербал“ и во казино „Сенатор“ во Скопје.

Според соопштенито на МВР, вчера во 13,45 часот, во село Волково во спортската обложувалница „Спорт Лајф“, непознат сторител маскиран и со закана со пиштол, од вработениот одзел околу 39.000 денари од дневниот промет. Увид извршила екипа од СВР-Скопје, а се преземаат мерки за откривање на сторителот.

Околу 15,40 часот, во Скопје, во аптека „Хербал“ лоцирана во рамки на Поликлиника „Бит Пазар“, непознат сторител со закана со пиштол од вработената одзел околу 18.000 денари од дневниот промет.

Третата кражба била околу 01,00 часот по полноќ во Скопје, на бул.„Крсте Мисирков“, во казино „Сенатор“, маскиран сторител со закана со пиштол од вработената одзел засега неутврдена сума пари.

Се преземаат мерки за откривање на сторителите.

Би можело да ве интересира

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски

Лувр е повторно отворен

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра