Едно лица загина во сообраќајка кај битолско Кравари

Од:

Едно лице загина, а друго е потешко повредено во сообраќајната несреќа што изутрината се случила на патот Битола-граничен премин Меџитлија, во близина на црквата кај село Кравари.

Портпаролот на СВР Битола Лефтерија Миленковска информира дека сообраќајната несреќа се случила изутрината во 5.50 часот.

– Возилото „Ауди 80“ со битолски таблици излетало од патот, а возачот, 27-годишно момче со иницијали З.М. од Битола им подлегнало на повредите во Клиничката болница во Битола. Сопатникот во возилото се здобил со тешки телесни повреди и е хоспитализиран во Битолската болница. На местото на настанот е извршен увид од СВР Битола во присуство на Јавен обвинител, потврди Миленковска.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ