Средба на премиерот Заев со амбасадор Безак: Голема поддршка од Словачка за реформската Влада и Република Македонија

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев претпладнево се сретна со амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија, Мартин Безак.

Република Словачка и Варшавската група изразуваат силна поддршка на премиерот Заев и новата реформска Влада во Македонија, како и на евро-атлантските аспирации на нашата држава.

Словачкиот амбасадор пренесе дека неговата земја и земјите од Варшавската група, се подготвени да помогнат во сите потребни процеси и проекти, што треба да ја придвижат земјата во евро-атлантските интеграции и да обезбедат квалитетен живот за граѓаните во Македонија.

Премиерот Заев го информираше амбасадорот Безак за успешната посета на Трст, од каде што претставниците на Владата се вратија со јасно изразена поддршка од светските лидери, премиерите на Германија, Франција, Велика Британија, Италија за Република Македонија, во којашто се гледа предводник во регионалниот развој.

„Владата на Република Македонија е сериозно посветена на итните реформски приоритети на коишто се обврзавме во амбициозна временска рамка, План 3-6-9. Нашата цел е на есен ЕК да ја тргне условеноста на препораката за преговори на Македонија со ЕУ, а во брзо време да добиеме и датум за почеток на преговори. Овие реформи очекуваме да придонесат да се отворат и вратите на НАТО и Македонија, по Црна Гора, да биде следната членка на Алијансата. Почнавме со продлабочување на добрососедските односи, што треба да ги отворат перспективите за Македонија и за регионот. Посетата на Трст покажа дека Брисел ја препознава одлучноста, одговорноста и зрелоста со којашто ги водиме внатрешните и надворешните политики и затоа Владата доби подадени раце на поддршка. Ние тоа го почитуваме и ќе ја оправдаме довербата“, рече премиерот Заев.

Премиерот Заев и словачкиот амбасадор Безак, разговараа и за важноста на Националната конвенција за евроинтеграции, што треба да започне да се реализира во Македонија од октомври, при што е изразена заедничка поддршка.

На средбата се разгледани и можностите за продлабочување на соработката помеѓу Македонија и Словачка во повеќе области, значајни за граѓаните на двете држави.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?