А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Жерновски и Жбогар со наградените ученици во Охрид

by А1он14/07/2017 - 10:35105
Share0

Најдобрите, најталентираните и наградените ученици за своите инвентивност и талент, на традиционалната одбележување на Денот на Европа, од Општина Центар беа наградени со еднодневен излет во Охрид.

Добивај вести на вибер

Стотина ученици од основните општински училишта „Гоце Делчев“, „Кочо Рацин“, „Димитар Миладинов“ и „Св. Кирил и Методиј“, кои беа најдобри во музичко-сценски настап и за изработка на најдобар еко постер, уживаа во убавините, историјата и се запознаа со традицијата и знаменитостите на древниот Охрид, се вели во соопштението на општина Центар.

Заедно со градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, и со евроамбасадорот Самуел Жбогар, децата во текот на целиот ден беа на Плаошник, Св. Софија, уметничките галерии, Заливот на коските и старата охридска чаршија.

„Охрид беше вистинскиот избор за награда на најдобрите ученици од Општина Центар. Се вели дека младите се нашата иднина, но јас велам дека тие се и наша сегашност. Тие се носители на нашиот мир, солидарност и обединување. Децата за мене остануваат најважен приоритет и должни сме да направиме сѐ даим обезбедиме безгрижен раст и сигурна иднина во Европската Унија. Тука сме заедно да ја пратиме таа порака, бидејќи децата од Македонија заслужуваат да бидат дел од европското семејство“, им порача градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.

Своето задоволство од дружењето со децата не го криеше евроамбасадорот Жбогар.

„Ова денешно дружење е вистински подарок за мене. Среќен сум што посветуваме толку време на нашите деца. Инаку, беше многу тешко да се изберат најдобрите и најталентираните ученици, бидејќи сите беа добри. Колку повеќе труд се вложува, толку повеќе има оригинални и успешни дела. Затоа, сакам да ви порачам дека ништо не доаѓа без труд“, рече евроамбасадорот Жбогар.

Тој порача сите да уживаат во Охрид, во прекрасното езеро и душата на стариот град. Жбогар изрази надеж дека Општина Центар и Делегацијата на Европската унија ќе ја продолжат досегашната успешна соработка.

centar

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Горан Наумовски31/10/2025 - 13:28

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Горан Наумовски31/10/2025 - 11:59

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Горан Наумовски30/10/2025 - 15:58

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ29/10/2025 - 18:1829/10/2025 - 18:19

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски28/10/2025 - 12:0428/10/2025 - 13:42

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски28/10/2025 - 11:1028/10/2025 - 11:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен