Црковни лидери ги предупредија египетските Копти, православен дел од населението, дека во јули се откажуваат сите настани и активности вон црквата поради безбедносни закани.
Предупредувањето следи откако 29 луѓе беа убиени во мај во напад на ИД врз Копти кои оделе во манастир во централен Египет.
Црковни извори рекле дека предупредувањето на лидерите на одредена црква им го дал претставник на папата на Коптската православна црква.