СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со години ги понижуваше студентите и го урниса образованието

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на изјавата на Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ, партијата што го урниса образованието и им нанесе огромни штети на студентите, денес покажува лицемерие и лажна грижа за студентите.

Со неодговорното и коруптивно владеење, ВМРО-ДПМНЕ ги понижуваше студентите, професорите и универзитите и системски го уништуваше образованието. Токму затоа, студентите беа првите кои му се спротивставија на режимот на ВМРО-ДПМНЕ.

Денешните паушални обвинувања од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот подмладок се само очајнички обид да се прикријат штетите што оваа партија и ги нанесе на Република Македонија и нејзините граѓани. Според официјалните информации, претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ во 2015 година не издвоила ниту еден денар за изградба на нова зграда на ФИНКИ иако во Буџетот биле предвидени 96 милиони денари, а во 2016 година, првично предвидените 250 милиони денари биле скратени на 99 милиони. Предвидените средства за 2017 се многу повеќе од она што било спроведено во 2015 и 2016 година.

Наместо да изнесува неосновани обвинувања со кои сака да им се додовори на студентите, младината на ВМРО-ДПМНЕ треба да бара одговорност од поранешните владини функционери од ВМРО-ДПМНЕ за сето она што им го направија на учениците, студентите и наставниците.

СДСМ преку Владата што ја предводи продолжува на санирање на штетите, сервисирање на натрупаните долгови од ВМРО-ДПМНЕ и создавање на здрава основа за реформи што носат квалитет во образованието“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мојсова Мијовска: Нема да бидам заложник на големите бизнис интереси и центри во општината, градот или земјата, особено не на штета на граѓаните на Карпош

Герасимовски: Реализиравме над 90 отсто од програмата, одиме на победа

Горан Наумовски

Шукова: Оние кои четири години го блокираа БРТ, сега го нудат како решение, тоа е лицемерие

Христоски: Kрушево е модерен град, гордост и симбол на Македонија

Горан Наумовски

Во Куманово СДСМ на конвенција презентиран кандидатот за градоначалник, Мартин Костовски и советничката листа

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди дека функционери на ВМРО-ДПМНЕ ја штителе дискотеката Пулс

Горан Наумовски