ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да се зафати со вистинските проблеми, Спасовски ја дефокусира јавноста занимавајќи се со ланскиот снег

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на МВР.

„Жителите на Љуботен очекуваат одговор од Оливер Спасовски кој ги вандализираше православните гробишта. Тие се вознемирени и бараат МВР да ги изведе виновниците пред лицето на правдата.

Наместо да се зафати со вистинските проблеми кои ја загрозуваат безбедноста на граѓаните и кои предизвикуваат тензии, Оливер Спасовски ја дефокусира јавноста занимавајќи се со ланскиот снег.

СДС некрофилски се обидува да ги поврзе трагичната сообраќајна незгода во која што животот го загуби Никола Младенов, грозоморното убиство кај Смилковското езеро и настаните во Диво Насеље со оперативното работење на службите и нивните контакти со странски гости, делегации и соработници. Манипулација од најнизок тип е обидот на СДС да ја излаже јавноста дека функцинерите во МВР се расфрлале. МВР до пред две години, односно до доаѓањето на СДС на власт имаше соработка со бројни служби која вроди со исклучителни резултати признаени и на меѓународен план.

Изминативе две години, откако СДС го презеде МВР, практично не е реализирана ниту една посериозна акција, а криминалот се повеќе зема замав. СДС веќе не е опозиција и народот нема никаква полза од нивната глума и манипулација.

Граѓаните се сведоци од каубојското дивеење по дискотеки и кафулиња на криминалци блиски до Заев. Јавноста е сведок дека секојдневно се зголемуваат жртвите по автопатиштата низ државава. Граѓаните очекуваат СДС конечно да сфати дека е на власт и дека има одговорност да ги решава проблемите“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито