Полицаец настрада во обид да спречи тепачка

Од:

Во обид да спречи тепачка меѓу две групи на малолетници, полицаец од Скопје го извлекол подебелиот крај и настрадал.

На улицата Ѓорѓи Димитров во Скопје, во близина на ресторан, двете групи на малолетници по вербална расправија влегле во физичка пресметка. Полицаецот кој бил во близина и кој интервенирал за да го спречи кофликтот и да ги раздели групите настрадал откако разгневените малолетници го нападнале него.

Едно од децата го удрило во глава и го изгребало по лицето, а пред да дојде засилување останатите малолетници се разбегале.

Напаѓачот е фатен и по завршувањето на процедурата ќе добие соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР