Поранешниот претседател на Бразил, Луиз Инасио Лула да Силва денеска е осуден на 9,5 години затвор поради корупција и перење на пари.
Согласно бразилските закони осудениот Силва ќе остане на слобода се додека трае обжалувањето на пресудата.
Во септември минатата година против Силва беа подигнати обвиненија за корупција и за перење пари откако се откри дека тој е сопственик на трикатна вила. Тој имотот го добил од градежната компанија ОАС, која е вмешана во голема корупциска шема и е поврзана со државната нафтена компанија „Петробраз“.
Силва, кој беше претседател на Бразил во периодот од 2003 до 2010 години осуден е за уште четири дела за корупција.
Тој тврди дека е невин и оти е жртва на политичка истрага.