Двајца албански државјани бегале од полицијата со две кеси марихуана

Од:

Полицијата, вчера попладне на улицата „113“ во Тетово ги приведе А.У. (24) и Ф.Г.(34), двајцата албански државјани од Кукс, кои претходно се обиделе им да побегнат на полициски службеници, информираат од СВР Тетово.

Според портпаролот на СВР Тетово, албанските државјани со себе носеле по една црна најлонска вреќа со непозната тревлива материја, најверојатно марихуана и штом ги забележале полициските службеници, веднаш ги фрлиле вреќите и почнале да бегаат.

– Едниот од нив, меѓутоа брзо бил фатен, додека вториот продолжил со бегање и се оглушил на наредбите на полициските службеници, поради што бил испукан еден предупредувачки куршум во воздух. За кусо време и тој бил стигнат на улица „108“. Иако пружил активен отпор, тој е совладан, вели портпаролот Јосифоски.

По извршениот увид, утврдено е дека двете вреќи со околу 3 и пол килограми тревлива материја се фотодокументирани и одземени за вештачење.

Двајцата албански државјани задржани се во Полициската станица Тетово и во координација со јавен обвинител, во текот на денов со соодветен поднесок ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Би можело да ве интересира

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски