Штанд за промоција на традиционални прозводи на автопатот кај Неготино

Од:

Штанд за продажба на локални производи ќе отвори денеска локалната акциска група „Тиквешка винска долина“ во близина на автопатот Е-75, на влезот од Неготино.

Штандот ќе функционира во текот на летните месеци и треба да придонесе за зголемена продажба и видливост на локалните производи од регионот пред домашните и странските туристи кои транзитираат по автопатот.

„Тиквешка винска долина“ е Здружение составено од претставници од приватниот, невладиниот и јавниот сектор, кое веќе две години работи на поддржувањето на регионалниот развој на Тиквешкиот микро-регион.

Поставувањето и работењето на штандот се спроведува како дел од пилот-активност на Тиквешка винска долина во рамки на Проектот за операционализација на ЛЕАДЕР пристапот во Македонија. Проектот го спроведува Асоцијацијата за иновации во руалната економија (АИРЕ), финансирана од страна на Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија. Со поддршката од Амбасадата, АИРЕ поддржува девет локални акциони групи во Македонија со цел да ги изгради нивните капацитети за пристапување до финансиски средства од домашни и странски донатори.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

Самир Мане – првиот милијардер од Западен Балкан на листата на Forbes

Предраг Петровиќ

Голема наградна игра “Стани милионер со УНИБанка!”

Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Предраг Петровиќ

Средба Бежоска − Шиаочин Ју: Светската банка изрази задоволство од напорите на Народната банка за членството на земјава во СЕПА

Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката