Ирачки Јазиди од Сребреница побараа признавање на геноцидот врз нив

Од:

Четворица ирачки Јазиди денеска им се приклучија на илјадниците босански муслимани на церемонијата во помен на 8.000-те босански мажи и момчиња, кои беа убиени во јули 1995 година во Сребреница, од каде повикаа масакрите извршени врз нивното малцинство од страна на џихадистите од Исламска држава да бидат прогласени за геноцид.

Масакрот во Сребреница, извршен од силите на боснаските Срби кон крајот на војната во БиХ, од два суда на ОН е прогласен за геноцид.

Во 2014 година во Синџар од страна на џихадистите на ИД беа убиени илјадници Јазиди, од кои некои беа живи изгорени, а илјадници жени беа земени како сексуални робинки, што од Комисија на ОН, исто така, беше прогласнео за геноцид, иако активистите инсистираат на поголемо признавање и бараат судско гонење на сторителите.

– Ние преживеавме ужасни злосторства и мачења – босанските муслимани од рацете на Србите, а Јазидите од рацете на ИД, и ние споделуваме спомени и покажуваме взаемно почитување на нашите чувства, изјави Хусам Абдухан, јазидски адвокат, кој ги документира злостроствата на ИД и е член на програмата за мир во северен Ирак.

Во рамки на одбележувањето на 22-годишнината од масакрот во Сребреница денеска во Меморијалниот центар во Поточари беа погребани посмртните останки на неодамна идентификуваните 71 босански жртви на масакрот.

Масакрот во Сребреница е најтешкото злосторство во Европа по Втората светска војна. Со ова бројот на погребани жртви во Меморијалниот центар стигна до 6 575. Над 1.000 босански мажи и момчиња се уште се водат како исчезнати.

Јазидите во август ќе ја одбележат годишнината од масакрот во Синџар.

Активистите кои присуствуваа на церемонијата во Сребреница, меѓу кои и двајца Ирачани, изјавија дека планираат да ги искористат искуствата на семејствата од Сребреница, за да помогнат во собирањето на докази против џихадистите од ИД, кои можат да бидат искористени во меѓународни кривични судови.

– Ние ја повикуваме меѓународната заедница, исто како во Сребреница, да помогне во отворање на масовните гробници и во собирање на доказите, затоа што стравуваме дека трагите од злосторствата може да останат сокриени, изјави Басма Наџи, кој од Синџар побегнал само неколку часа пред нападот на ИД.

Би можело да ве интересира

Резолуција за геноцид повторно „затропа“ на црногорската врата

Предраг Петровиќ

Адвокатката на Северина: Ја испрашувале за Сребреница, не го продолжила патувањето затоа што не се чувствувала безбедно

ЕУ: Нема место меѓу нас за оние кои го негираат геноцидот во Сребреница

Горан Наумовски

Битка за Сребреница: Милош Вучиќ ќе биде кандидат на просрпските партии за градоначалник

Предраг Петровиќ

Хрватска по одлуката на Црна Гора: Ја обезвреднувате Резолуцијата за геноцидот во Сребреница

Парламентот на Црна Гора усвои Резолуција за геноцид во Јасеновац, Дахау и Матхаузен

Предраг Петровиќ