Летен одмор со спорт и забава

Од:

Нема поголема радост за учениците од летниот распуст, но многумина го „поминуваат“ во четири ѕида, на компјутер, телевизија и мобилни телефони.

Да им се објасни на децата дека тоа е погрешно и дека јули и август се идеални за „живот“ надвор во природа, на воздух. Постојат многу начини на кои децата со нивните врсници или со вас можат квалитетно да го исполнат распустот. Еве неколку предлози:

Пливање

Голем број експерти се согласуваат дека пливањето е најздрава физичка активност каде што во функција се сите мускули, а најмногу „придобивки“ има ’рбетот. Убаво е ако се оди на море, но неодењето не е изговор детето да не ужива во оваа здрава активности. Децата имаат цели два месеци да се капат, па зошто да не одат со друштво или со вас на базен, река или езеро.

Риболов

Ова лето може да се искористи еднаш во неделата семејно да се оди на риболов. Сигурно во близина на вашето место има река, езеро или поголема бара, спакувајте ги трските и право во вода. Ако немате трски секогаш можете да ги позајмите или изнајмите. И секогаш ќе се најде некој кој ќе ве упати во тајните на риболовот. На децата тоа ќе им биде интересно искуство особено ако тоа е целодневен излет во природа. Уште по забавно ќе биде ако дојдат и нивните другари.

Ролери, скејт, тротинет

Летото сигурно е повозбудливо на тркала, што ќе го потврди секое дете, кое вози ролери, се спушта на скејт низ падините или „крстари“ во градот на тротинет.

И вие можете да им правите друштво на своите деца додека го освојуваат просторот со овие спортски „реквизити“. Таа физичка активност е убава и забавна особено во поголемо друштво.

Велосипедизам

Возење со велосипед ги движи сите мускули а притоа е одлична ментална терапија. Повозрасните деца со друштвото би требало да возат секој втор ден додека помладите деца би можеле барем еднаш неделно со вас. За да не им биде досадно секогаш одредете ја целта. Може да нацртате и мапа на патот, да напишете страници на кои ќе правите пауза за одмор, вода или храна. Секогаш малку зголемете ја километражата и воведете нови и интересни локации.

Весело качување

Децата обожуваат да се качуваат па ги мамат интересните места за играње во парковите, карики на кои можат да се вртат или некое дрво.

Оваа рекреација е одлична за развој на моторичките способности на децата, а може да биде многу забавна. Вие не морате да се обидувате исто што и децата, но бидете покрај нив да ги надгледувате и бидете поддршка за качување и егзибиции. Тие имаат позитивно влијание и на развојот на самодовербата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска