Планот 3-6-9 претставен пред амбасадорите на земјите членки на ЕУ

Од:

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Бујар Османи, деенска во просториите на Делегацијата на Европската Унија го презентира Планот 3-6-9 пред евроамбасадорот Самуел Жбогар и амбасадорите на земјите-членки на ЕУ, соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП).

– Во овој План се опфатени реформите кои Владата ќе ги спроведува во претстојниот период од 3 месеци односно до одржувањето на локалните избори, а во меѓувреме паралелно се работи и на допрецизирање на мерките кои треба да се реализираат во наредните 6 и 9 месеци, рече Османи. Истакна дека Владата се залага за обезбедување транспарентност и инклузивност, вклучително и со вклучување на опозицијата.

Вицепремиерот Османи ја нагласи посветеноста на Владата на спроведувањето на овие реформи и важноста да се искористи позитивната клима, но изрази и очекување дека, во согласност со успешноста при реализацијата на преземените обврски, земјите-членки на Унијата ќе преземат конкретни чекори во насока на забрзување на евроинтегративните процеси на Република Македонија, вклучително и чиста препорака за почеток на преговорите.

Планот 3-6-9 прв пат беше презентиран пред јавноста минатата недела, и е практично првиот чекор на Владата за сериозен пробив на земјата кон евроатлантските интеграции, по долгогодишниот застој во овие области, истакнуваат од СЕП.

Би можело да ве интересира

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски