Општина Центар и надлежните служби во акција за расчистување на дивите пазарџии на „Зелен пазар“ и „Буњаковец”

Од:

Општина Центар, во координација и со асистенција на Секторот за внатешни работи – Скопје, Сообраќајната полиција, Секторот за инспекторат на Град Скопје, Државниот пазарен инспекторат и ЈП “ПОЦ“, започнува акција за расчистување и дислокација на дивите пазарџии и нелегално поставените тезги околу “Зелен пазар” и пазарот “Буњаковец”.

Жителите на околните објекти, купувачите и продавачите се жалеа на секојдневната грда слика, загрозената безбедност на движење и опасноста по здравјето на луѓето.

Диви препродавачи вршат продажба на земјоделски и индустриски производи, стари предмети и стара облека на тротоарите и тревниците околу пазарите. Дел од овие прехранбени производи се со сомнително потекло, со изминат рок, без декларации и се продаваат на картонски кутии, во нехигиенски услови, а препродавачите тука престојуваа деноноќно.

По затворањето на пазарите, останува голем отпад и смет на тротоарите, улиците и тревниците. Дел од дивите препродавачи остануваат да спијат во влезовите од околните згради или на тревниците, а граѓаните постојано се жалат дека не се чувствуваат безбедни кога излегуваат од своите домови.

Општина Центар, согласно постигнатиот договор, преку соопштенија и флаери ги извести препродавачите да ги дислоцираат нелегалните тезги. Беше укажано дека по ова истекувањето на законски дадениот рок, ќе следуваат и казнени мерки.

Во заедничката акција, доколку сѐ уште има лица кои ќе ја вршат оваа незаконска дејност, за дивите препродавачи ќе бидат изречени парични казни или одредена општо корисна работа, а робата ќе се одзема со казнени мерки, се вели во соопштението на општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар