Украинска НВО: „Маша и Медо“ ја загрозува безбедноста на Украина

Од:

Украинската невладина организација Совет за општествена безбедност поднесе барање за забрана на рускиот цртан филм „Маша и Медо“ до украинскиот Парламент, како и до Агенцијата за радиодифузија.

Барањето е врз основа на тоа што цртаниот ја „загрозува безбедноста на Украина“.

„Тој цртан филм е пропаганден медиумски производ на Русија, и е прилично опасен за украинската безбедност. Тоа е пропаганден инструмент кој на децата им наметнува позитивна слика за Русија“, стои во соопштението на невладината организација од Одеса.

„Руските пропагандисти на децата им даваат јасен сигнал – мечокот, традиционалниот симбол на Русија, е претставен како голем силен јунак кој без последици зема туѓ имот, куќи и земја“, се додава натаму во документот.

Во 2015 година во Украина стапи во сила Законот за заштита на информативниот простор, којшто забрани над 600 филмови кои „содржат руска пропаганда“.

Би можело да ве интересира

Во САД сакаат да го укинат Творот Пепе, го промовирал сексуалното вознемирување

Жарко Настоски

Критики за расизмот кон Френклин од „Чарли Браун“

Ана Ололовска

Промовирани „Стела и Сани“, првите македонски 3д анимирани карактери

Ана Ололовска

Том и Џери го слават 80. роденден

Ана Ололовска

Почина авторот на „Пинки и Мозокот“ и „Аниманијаци“

Ана Ололовска

Најавени нови епизоди од анимираниот хит „Пепа Прасе“

Ана Ололовска