Најавени нови епизоди од анимираниот хит „Пепа Прасе“

Од:

Креаторот на брендот „Пепа Прасе“ Ентертејмент Уан (Entertainment One), соопшти дека планира да сними нови 117 епизоди од истоимениот анимиран филм.

„Пепа Прасе“ сега ќе има вкуно 381 епизода, а премиерата на новата сезона е планирана за пролет, 2019 година.

Овој анимиран филм е многу популарен повеќе од една деценија, а сопственикот Ентертејмент Уан најави дека ќе има доволно материјал за следните четири години.

Извршниот директор на Ентертејмент Уан, Дарен Троп изјави дека новите епизоди ќе придонесат за долгорочен успех на овој анимиран хит.

Исто така, најавено е лансирање на новата линија „Пепа Прасе“ играчки и облека.

Би можело да ве интересира

Во САД сакаат да го укинат Творот Пепе, го промовирал сексуалното вознемирување

Жарко Настоски

„Македонски анимиран филм 1971-1991“ – проект на ДФРМ

Ана Ололовска

Критики за расизмот кон Френклин од „Чарли Браун“

Ана Ололовска

Промовирани „Стела и Сани“, првите македонски 3д анимирани карактери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Македонско-австралиското 3-Block Studio направи анимиран филм за глобалниот карантин

Ана Ололовска

Том и Џери го слават 80. роденден

Ана Ололовска