Заедничка египетско-француска воена вежба наречена „“Клеопатра 2017“ почна денеска во Средоземното Море и Црвеното Море, изјави портпаролот на воено-поморските сили во Египет, јави ТАСС.
Според него вежбите ќе траат неколку дена, а во нив учествуваат египетски и француски носачи на хеликоптери од класата „Мистрал“, неколку фрегати и глисери.
Учествуваат и воени авиони, способни да откриваат и уништуваат подморници, како и ловци Ф-16 од египетските воено-воздухопловни сили.
Во текот на вежбите ќе бидат спроведени зеднички активности за планирање и управување на офанзивни и дефанзивни операции, операции за приведување на нарушувачи на територијални води, пробни летови и слетувања на хеликоптери и на палубите на „Мистрал“, како и елементи на поморски десант.