Извозот на германски стоки во мај пораснал за 14,1 отсто во споредба со истиот период лани, објави денеска германската Федерална агенција за статистика.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, во однос на април извозот е зголемен за 1,4 проценти, а во исто време на годишно ниво раст бележи и увозот за 16,2 отсто
Германската економија само во мај извезла стоки во вредност од 110 милјарди евра, а увезла во вредност од 88,6 милијарди евра. Околку 64 милијарди евра изнесува трговијата со ЕУ, додека во трети земји е извезена стока вредна 57,8 милијарди евра.
Трговскиот суфицит на Германија само во мај бил 22 милијарди евра, што е главната причина за критиките од Вашингтон против германската трговска „злоупотреба“ на ЕУ, како што тврди администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.