Ако Зијадин Села сака да ја напушти Алијансата на Албанците тоа е негова одлука, ние не се мешаме во тоа, рече Весел Мемеди, пратеник на НДП и член на Алијансата на Албанците по изјавата на Села дека сака да ја напушти Алијансата.
– НДП останува во Алијансата. Ние до сега имавме одлична соработка и за се бевме усогласени. Ние не сакаме да условуваме, работиме во интерес на албанската заедница. Сепак, доколку одлучат да бидат надвор од коалицијата, им посакуваме среќа, рече Мемеди.
Тој објасни дека се е подготвено и усогласено помеѓу коалиционите партнери за донесување на Законот за јазици и дека се чека законот да се доработи технички и да влезе во собраниска процедура.
Александар Тодески