Потребно е сите земји да ги решат билатералните прашања со соседите и со земјите-членки на ЕУ во регионот. Никогаш нема да погрешите ако инвестирате во пријателство со соседите. Мора да имате круг на пријатели околу вас. Првите чекори се навистина охрабрувачки. Ние не сме вклучени во договорот, но се наведаме дека ќе биде финализиран и потпишан во август. Тоа ќе покаже одлучност на самата Влада за повторно да го гради овој круг на пријатели со соседите.
Ова на новинарско прашање за постигнатата основа за компромис за договорот меѓу Македонија и Бугарија го истакна евроамбасадорот Самуел Жбогар на денешната заедничка прес-конференција со амбасадорот на Италија во Македонија Карло Ромео во врска со претстојниот самит во Трст.
Жбогар рече дека за да се одговори на ова прашање треба да се потсети на формирањерто на самата ЕУ по Втората светска војна, чија срж е градење на добрососедски односи.
Тој нагласи дека градењето пријателски односи со соседите кои се дел од ЕУ земјата ќе има пријатели кои посилно ќе притискаат за нејзината евроинтеграција. Според него, доколу договорот се потпише и се одржи дебата во Собранието која ќе заврши со одлука за негова ратификација во наредните неколку месеци, тоа ќе биде многу охрабрувачи за земјата.