Седум бунтовници загинаа денеска во напад врз база која го штити единствениот воен објект во градот Ал Сафира на северот на Сирија.
Нападот е дел од напорите на бунтовниците да го освојат поширокото подрачје кон границата со Турција.
Во Ал Сафири се наоѓаат повеќе воени фабрики кои се опкружени со воени бази и пунктови заради заштита. Пред три дана, бутовниците зазеле еден воен склад во оваа зона, но владините сили потоа го бомбардираа, изјави шефот на Сириската опсерваторија за човекови права Абдул Раман.
Бунтовниците се обидоа да упаднат во базата, но нивниот напад е одбиен. После тоа истрелале гранати на некои од воените фабрики. Бунтовниците во текот на изминатите недели нападнале повеќе воени бази внатре и околу Алепо.