СДСМ: Ребалансот на Буџетот ги следи потребите на граѓаните

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја манипулираше јавноста со лажни и нереални проекции за економскиот раст на Македонија. Со ребалансот, Владата предводена од СДСМ покажа дека следните чекори ќе бидат базирани на реална основа. Проекциите за капитални инвестиции досега се давале од ракав, за да изгледаат убаво и звучат помпезно, но во реалноста биле нереални планови. Затоа скратени се тие нереални планови кои и без ребалансот немало да се реализираат.

Ребалансот на Буџетот ги следи потребите на сите категории граѓани, а парите наменети за луксуз и непотребни трошоци се враќаат кај граѓаните. Заврши луксузирањето на државни функционери на сметка на граѓаните, што ВМРО-ДПМНЕ 11 години го практикуваше.

Владата предводена од СДСМ, преку ребалансот започнува да го исполнува ветувањето за повеќе пари кај граѓаните. Со новата распределба на средствата, ќе им се помогне на фирмите да исплатат нова зголемена минимална плата во висина од 12 000 денари на околу 70 000 граѓани веќе во септември, трајно ќе се реши проблемот на стечајните работници, а ќе започне и проектот „Младинска гаранција“ преку која младите ќе имаат можност за вработување или платена работа во приватниот сектор“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митрески: Досега се нема случено во историјата на Собранието, ниту еден амандман да не е прифатен

(ВИДЕО) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025